ПОСЛЕДНИОТ БАКНЕЖ

Римејк на италијанскиот филм „L'ultimo bacio“ од 2002 година, чие сценарио го напиша оскаровецот Пол Хагис („Девојка од милион долари“, „Фатална несреќа“).
Иако изгледа дека Мајкл и Џена се во совршена врска, тој почнува да се колеба.
Мајкл (З. Браф) и Џена (Ј. Барет) се пар веќе три години, сакаат да се венчаат и да основаат семејство. Плановите се едно, реалноста е друго. Кога Џена објавува дека е бремена, Мајкл почнува да се колеба бидејќи чувствува дека треба да се збогува со младоста. Кога на свадбата на неговите пријатели ќе ја запознае Ким (Р. Билсон), која е десет години помлада од него, неговиот живот добива поинаков правец...
Се чини дека односите на неговите пријатели и познаници баш и не цветаат...
Улоги: Зах Браф, Јацинда Барет
Режија: Тони Голдвин