Дипломатски брифинг во МНР за идното претседавање на Република Македонија со здравствената мрежа на ЈИЕ

10.09.2014 19:22

По повод претседавањето на Република Македонија со Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, денес во Министерството за надворешни работи се оддржа заедничка средба на министрите за надворешни работи и здравство, Никола Попоски и Никола Тодоров со дипломатските претставници од земјите учеснички во овој процес.

Во пресрет на претстојниот регионален состанок на Светската здравствена организација во Копенхаген и улогата на Република Македонија како Претседавач со Здравствената Мрежа на Југоисточна Европа со која ќе претседава министерот Тодоров, тој се обрати на дипломатските претставници на земјите од здравствената мрежа на ЈИЕ во присуство на претставникот на канцеларијата на СЗО во Македонија, претставувајќи дел од иницијативите на македонското претседавање со регионалната здравствена мрежа.

Тодоров, посебно се осврна на иницијативата за зајакнување на човечките ресурси како фактор за развој во областа на здравството, преку овозможување на едукации, обуки, специјализации и субспецијализации за здравствените работници во рамки на земјите членки на ЗМЈИЕ. Со оваа иницијатива ќе се овозможи значително зајакнување на капацитетите и вештините на медицинскиот кадар, со што ќе се придонесе кон целокупно зајакнување на здравствените системи на земјите-членки на Здравствената Мрежа.

Во своето обраќање Тодоров ја нагласи и иницијативата за зајакнување на улогата на Здравствената Мрежа на Југоисточна Европа од аспект на менаџирање на кризи, како и пружање на соодветна помош при појава на кризни состојби, што беше поздравена од дипломатите.

Реафирмирајќи ја македонската поддршка за понатамошно унапредување на регионалната соработка во рамки на ЗМЈИЕ, министерот Тодоров изрази очекување дека присутните амбасадори ќе ја пренесат пораката на Министрите за здравство во нивните земји, за учество на Министерски состанок кој во рамки на македонското претседавање со ЗМЈИЕ се очекува да се одржи во ноември.

Министерот Никола Попоски во својство на домаќин и шеф на македонската дипломатија посочи дека нашите дипломатски претставници стојат на располагање за олеснување на активностите во здравствената мрежа во насока на подигнување на стандардите. Во доменот на економската дипломатија, сегментот на здравството е интегрален дел преку кој МНР се залага за реализирање на разни проекти но и презентирање на можностите на македонската фармацевтска индустрија во странство.

По повод претседавањето на Република Македонија со Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, денес во Министерството за надворешни работи се оддржа заедничка средба на министрите за надворешни работи и здравство, Никола Попоски и Никола Тодоров со дипломатските претставници од земјите учеснички во овој процес. - See more at: http://www.mfa.gov.mk/?q=node/3674#sthash.0eVVt7Lb.dpuf