Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди
20.04.2026 08:10
Од пладневните часови ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 10 степени, додека максималните ќе се искачат од 12 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
