Се испитува дали пациентот починал од ебола - резултати за два дена

09.10.2014 21:11

Министерството за здравство вечерва ја информираше јавноста дека најрано за два дена ќе биде познато дали странецот кој попладнево почина додека престојувал во хотел во ТЦ Мавровка боледувал од опасната заразна болест ебола.

Министерството за здравство вечерва ја информираше јавноста дека најрано за два дена ќе биде познато дали странецот кој попладнево почина додека престојувал во хотел во ТЦ Мавровка боледувал од опасната заразна болест ебола.

„Не може веднаш да се утврди дали државјанинот на Англија боледувал од оваа болест. Можно е да станува збор за хеморадична треска, но дали е тоа поврзано со ебола, ќе се утврди понатаму. Во моментов немаме ниту податоци каде патувал во последните три недели, односно дали престојувал во некоја од ризичните земји. Треба да знаеме и со кои лица контактирал“, изјави д-р Јованка Костовска, раководител на сектор за превентивна здравствена заштита во МЗ.

Странскиот државјанин влегол на територијата на Република Македонија на 2 октомври, а според податоците од неговиот колега не престојувал во земја – ризично подрачје за ебола.

Докторката вели дека странецот бил во свесна состојба, но за многу кратко време нагло му се влошила општата здравствена состојба и наеднаш починал. Според тоа, првичните сомнежи се дека тој бил заразен од ебола.

„Според изјавите на колегата со кој што допатувал во земјава, пациентот во изминатите 3 дена се жалел на стомачни потешкотии, одбивал храна и бил слабо контактибилен, но не побарал лекарска помош. Денеска службата за Итна медицинска помош добила повик од скопски хотел за гостин со симптом на повраќање и истоштеност. Службата веднаш интервенирала и согласно констатираната влошена состојба на пациентот, истиот е веднаш транспортиран на Клиниката за инфективни болести.На Клиниката за инфективни болести се преземени сите мерки за третирање на пациентот. Пациентот имал симптоми на благо покачена телесна температура–37.4 C, што не соодветствува на ебола, имајќи во предвид дека карактеристична температура за лица заболени од ебола е над 38.5 C. Сепак, брзата и тешка клиничка слика, повраќање внатрешно крварење, и ненадејна и брза смрт, се симптоми за ебола, што постави сомнеж и кај овој пациент.Во последниов половина час добивме информација од повеќе места дека пациентот почесто и во поголеми количини конзумирал алкохол, што може да даде слична клиничка слика и за друго заболување, меѓутоа овие информации ги проверуваме со цел дополнително да ги потврдиме.Согласно протоколите, при појава на вакви симптоми, се преземаат сите мерки како да се работи за високоризична болест. За таа цел, за да се потврди дали станува збор за болеста, се врши обдукција и се испраќа материјал за анализа во референтна меѓународна лабораторија,“ додава Костовска.

Податоците ќе бидат готови најрано за 48 часа. Материјалите се испратени во Франкфурт на препорачан начин од Светската здравствена организација.

Министерството за надворешни работи на Велика Британија веќе е запознаено со овој случај, а исто така и Светската здравствена организација.