Најкорумпирани лекарите и судиите, бобрата против корупцијата се засилува
Лекарите ги водат судиите кога станува збор за директна вклученост во корупцијата - покажува најновиот извештај на Македонскиот центар за меѓународна соработка...

Лекарите ги водат судиите кога станува збор за директна вклученост во корупцијата - покажува најновиот извештај на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Покрај поткупот граѓаните препознаваат и многу други облици на корупција.
„Врз основа на перцепција, цариниците и судиите се први перцепирани професии како најкорумпирани, но не се тоа и кога станува збор за дирекна вклученост со корупција, а тоа се лекарите, службениците, пред се општинските“, рече Емина Нурединоска од МЦМС.
Борбата против корупцијата бара вклученост на сите – порача американскиот амбасадор во земјава, Пол Волерс.
„Корупцијата е глобален проблем, ниту Америка, ниту Македонија не се имуни на овој корозивен и многу скап ефект. Во минатите 20 години на Балканот се направени големи промени, но корупцијата останува главна препрека за целите што сакаме да ги постигнеме овде“, рече Пол Волерс, амбасадор на САД.
Во изминатите 6 години МВР процесуирало близу 500 случаи на финансов криминал и корупција. Осомничени се 1470 лица. Штетата е проценета на над 311 милиони евра.
Наташа Гркова-Петрушевска