Училишта во Кичево и Охрид останаа без струја
12.11.2014 11:44
Основните училишта Кузман Јосифовски Питу, Санде Штеријовски и Владимир Полежиновски, од синоќа останаа без струја. Околу 2 илјади и 500 основци, веќе 12-ти ден не посетуваат настава...

По недостигот со дрва и прекинот на греењето, некои кичевски училишта се соочуваат и со прекин во снабдувањето со струја. Основните училишта Кузман Јосифовски Питу, Санде Штеријовски и Владимир Полежиновски, од синоќа останаа без струја. Околу 2 илјади и 500 основци, веќе 12-ти ден не посетуваат настава.
И во Охрид, вчера ЕВН Македонија ја исклучи електричната енергија во основното училиште Григор Прличев, и во ЈП за стопанисување со спортските објекти Билјанини извори. Претпријатието должи 8 милиони денари за струја.