Инсерти од Македонија во „Часот на планетата Земја“

21.01.2015 14:40

Поради актуелноста и успешноста на акцијата минатата година во Македонија, глобалниот тим реши да вметне инсерт од исклучувањето на осветлувањето од плоштадот во Скопје во рекламата која ја гледа целиот свет...

Како што започнува одбројувањето за најголемата светска волонтерска акција „Часот на планетата земја“ тимот на ова светско движење, официјално го промовираше глобалното видео од светската маркетинг кампања, во кое за првпат се појавуваат и инсерти од Македонија.

Поради актуелноста и успешноста на акцијата минатата година во Македонија, глобалниот тим реши да вметне инсерт од исклучувањето на осветлувањето од плоштадот во Скопје во рекламата која ја гледа целиот свет, а истото можете да го видите во 58-та секунда од видеото.

Македонија годинава во акцијата ќе се вклучи по шести пат.