Дијаспора: Странските култури и јазици го потиснуваат македонскиот јазик

10.07.2015 16:04

Четворица студенти со потекло од Македонија, од кои само еден едвај разбира македонски, од денеска присуствуваат на тринеделна студиска програма во земјава. Ќе бидат сместени во домови на македонци кои не им се роднини, а идејата е да се запознаат со јазикот, културата и традицијата...

Расте асимилацијата на Македонците во дијаспората. Странските култури и јазици го потискуваат домашниот – мајчин. Ова е оценката на оние кои со децении живеат на другата страна на светот и велат дека по втората генерација иселеници многу малку нашинци зборуваат македонски.

„Имам две деца. Ниту едно од нив не е склучи брак со македонец. Но сега имам внуци и се надевам дека штом пораснат ќе запознаат македонци и ќе се поврзат со своето наследство“, вели Питер Далас, член на советот на ОМД.

„Многу е тешко да го зачувате македонскиот јазик, кога сите околу вас, да речеме во САД и во Канада, говорат англиски, кога наставата што ја селдите е на англиски јазик, кога се помалку време имате да поминете дома со своите баба и дедо, со своите родители, кои се основниот извор на македонскиот јазик кај иселениците“, вели Павле Саздов, пратеник во Собранието избран од дијаспората.

Четворица студенти со потекло од Македонија, од кои само еден едвај разбира македонски, од денеска присуствуваат на тринеделна студиска програма во земјава. Ќе бидат сместени во домови на македонци кои не им се роднини, а идејата е да се запознаат со јазикот, културата и традицијата.

„Моето семејство од двете страни е со потекло од Македонија. Моите родители се отселија во раните шеесети и беа значително присутни во македонската заедница во Торонто. Од таа причина посакав да видам како живеат луѓето во Скопје и да ги разберерам моите корени и потекло“, вели Наташа Калајџовски, студентка од Канада.

Според податоците на Обединетата македонска дијаспора во светот живеат околу 1,7 милиони македонци, населени најмногу во САД, Канада, Австралија, Швајцарија, а во помал дел во Италија, Австрија и Аргентина.

 

Анита Димитријевска