Советот на јавни обвинители ќе расправа за работата на Јанева

26.01.2016 10:43

Најавена е затворена седница, на која ќе се донесе заклучок дали постои документ за тоа што е примено во Специјалното јавно обвинителство.

Советот на јавните обвинители денеска ќе расправа за работата на Специјалната обвинителка Катица Јанева, за тоа како е постапувано при предавањето на материјалите од незаконското прислушување, доставени од лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Најавена е затворена седница, на која ќе се донесе заклучок дали постои документ за тоа што е примено во Специјалното јавно обвинителство.

Советот на јавните обвинители по отчетот ќе одлучи дали има простор за дисциплинска одговорност за обвинителката, што подразбира и предлог за нејзина смена од функцијата.