Груевски: Оставките на претставниците на ДУИ се внатрепартиска одлука
01.04.2016 16:28
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оставките на претставниците на извршната власт на ДУИ ги оцени како внатрепартиска работа.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски оставките на претставниците на извршната власт на ДУИ ги оцени како внатрепартиска работа.
Немам некој посебен коментар. Се работ за внатрешна партиска одлука. Тоа е нивна одлука и јас не би ја коментирал, рече Груевски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека следуваат избори и оти граѓаните се тие кои ќе оценат која и каква влада треба да се состави во иднина.