СЈО: Објавувањето на материјали од незаконско прислушување е казниво дело
Апелираме до сите лица кои се засегнати со објавувањето на материјалите од приватните разговори кои се појавија на социјалните мрежи истото да го пријават во ова Јавно обвинителство во најкус можен рок, како би се овозможило во рамки на нашите надлежности истите да бидат истражени, велат од СЈО...
Спцијалното обвинителство најостро го осуди објавувањето на телефонските снимки од приватни разговори, со кои како што велат се нарушува интегритетот, достоинството и моралот на определени лица. Од ова обвинителство потсетуваат дека објавувањето на материјали од незаконско прислушување е казниво дело.
Апелираме до сите лица кои се засегнати со објавувањето на материјалите од приватните разговори кои се појавија на социјалните мрежи истото да го пријават во ова Јавно обвинителство во најкус можен рок, како би се овозможило во рамки на нашите надлежности истите да бидат истражени. Воедно, ги повикуваме и сите субјекти кои поседуваат незаконски прибавени аудио или друг вид на разговори помеѓу одредени лица, истите да ги достават во најкраток можен рок до ова Јавно обвинителство – се вели во соопштението од Специјалото јавно обвинителство.