Поставени првите прагови и шини на новата пруга Битола- Кременица

22.06.2016 14:48

За граѓаните новата пруга Битола- Кременица ќе значи побрза комуникација, за стопанствениците пак, зголемување на конкурентноста на производот...

Изградбата на новата пруга Битола- Кременица- грчка граница, проект на Европската унија вреден 20 милиони евра влезе во финална фаза. Започна изградбата на горниот строј. Поставени се првите прагови и шини од коловозот на 16 километарската делница.

Според оваа динамика пругата ќе биде готова за окулу пет месеци по што ке се работи на системите на телекуминакација и сигнализација, елемнти што ќе ја гарантираат безбедноста на железничкиот сообракај. Толкав е периодот за кој од објективни причини ќе биде пробиен рокот, велат изведувачите од бугрската компамија и неколкуте домашни компании подизведувачи. Тоа не им смета на битолчани кога се работи за ревутализацијата на децениски запоставената пруга на која последниот воз поминал пред 25 години.

За стопанствениците пругата е нова математичка операција насловена- зголемување на конкурентноста преку намалување на трошоците.

„Доколку во моментот превоз на еден контењер од Битола до Солунското пристаниште значи 800 или 900 евра трошок за секоја компанија, со оваа можност сигурно таа цена би се преполовила“, вели Сашо Илковски, директор на индустриската зона „Жабени“.

Во рамките на инвестицискиот циклус на Македонски железници од почетокот на идниот месец започнува и темелната реконструкција на Железничката станица. Тоа е непходно затоа што по доаѓањето на новите кинески возови и воведувањето на деловните линии Битола- Скопје за неколкупати е зголемен бројот на патници.

 

Стевче Митревски