Презентирано рангирањето за вработување на лица со инвалидност
01.02.2014 14:27
Рангирањето на апликациите од процесот на вработување на 300 лица со инвалидност на неопределено време за 2014 година пред националните инвалидски организации денеска го презентираа министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на ЈП Македонски, шуми Жарко Караџоски.

Концептот на огласот темелно се засновал на вработување на долгорочно невработени лица со ниски примања, лица кои се во тешка материјална и финансиска состојба, самохрани родители или пак семејства во кои има повеќе членови со инвалидност. Со овој проект, посочи тој, преку јавниот оглас ќе се вработат вкупно 300 лица со инвалидност: од кои (160) работници со ниско образование, односно ниска квалификација, (100) лица со средно и вишо образование, (40) лица со високо образование.
Спасов потенцира дека на огласот конкурирале 1.826 лица, од кои 1.069 невработени лица со инвалидност кои ги исполнувале критериумите и условите од конкурсот.