Сараќини: Инвестиции во новите локации за геолошки истражувања
01.02.2014 15:09
Во новите 26 локации за детални геолошки истражувања и за експлоатација на минерали, кои им беа доделени...

Во новите 26 локации за детални геолошки истражувања и за експлоатација на минерали, кои им беа доделени на домашни и на странски компании ќе бидат вложени 700 милиони денари (нешто повеќе од 11 милиони евра) и истите ќе отворат околу 150 нови работни места, најави денеска министерот за економија, Ваљон Сараќини.
Компаниите ќе уплатат концесиски надоместок од 35 милиони денари од кои 78% ќе завршат во општинските каси.
Како најатрактивни локации, Сараќини ги посочи локациите за истражување на металични минерални суровини, злато, сребро и бакар, но исто така и локации за истражување и експлоатација на неметалични минерални суровини, како и за украсен камен (како што се за гранит, мермер и др).
