Реконструкција на Општата болница во Струмица
01.02.2014 15:38
Стартуваше процедурата за реконструкција на општата болница во Струмица.
Владата и Министерството за здравство веќе имаат започнато одредени тендерски процедури, најави денеска премиерот Никола Груевски.

Ќе се направи нов дел на болницата каде што ќе се смести ургентното одделение, гинеколошкото и оперативните одделенија, а се работи за 6.000 метри квадратни простор за којшто вчера министерот за здравство информираше дека се започнати процедурите за проектирање и градба.
Проектирањето треба да заврши за околу 1,5 до 2 месеца и подоцна да почне процедурата за почеток на комплетно нова градба.