Продлабочување на економската соработка со Катар
01.02.2014 19:41
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски учествува на 50. Минхенска безбедносна конферениција на која се присутни над 300 лидери и експерти од светот на политиката и безбедноста, а на која се дебатира за глобалните безбедносни предизвици и актуелни теми, посветени на зачувувањето на мирот и безбедноста на глобално ниво.

Во рамките на конференцијата, Попоски оствари средба со својот колега од Катар, Калид Бин Мохамед Ал-Атијах, на која се разговараше за интензивирање на билатералните односи меѓу двете земји, со акцент на економската соработка.
Попоски учествуваше и на работниот ручек во организација на претседавачот на Конференцијата, амбасадорот Волфганг Ишингер, поранешниот сенатор на САД, Сем Нан, поранешниот секретар за одбрана на Обединетото Кралство, Дес Браун и поранешниот руски министер за надворешни работи, Игор Иванов, на кој беше презентиран предлог Извештајот за градење заедничка безбедност во Евроатланскиот регион.