Се асфалтира патот меѓу Градско и село Подлез

02.02.2014 14:58

Почнаа  работи за поврзување на селото Подлез и општина Градско со асфалтен пат. Асфалтирањето на илјада и петстотини метри земјен пат, за локалната самоуправа значи подобрување на условите за живот на жителите од ова планинско село.

„Се овозможува на луѓето кои тука се занимаваат сп земјоделие и сточарство и пчеларство  да можат  да вршат полесен транспорт на своите производи“, рече Жанета   Чаушевска градоначалник на општина Градско.

Околу девет милиони денари општината ќе потроши за изградба на патот.Средствата се обезбедени од владината  Програма за рурален развој.

„Тука нема да застанеме, и во иднина како Влада ќе продолжиме да  помагаме на руралните краишта преку нови проекти од Програмата за рурален развој“, рече Зоран Коњановски, заменик министер за земјоделство.

Во минатото Подлез било големо село,  сега  има едвај четириесетина жители , во асфалтирањето  на патот  тие гледаат можност за обновување на многу семејни огништа.

„Струја имаме, вода имаме  и така се надеваме да биде подобро и граѓаните кои се без работа  бујрум нека повелат нека работат како што ние работиме“,

„Почнаа веќе куќи да се градат, три куќи нови се направени од пред една-две години, се враќаат луѓето преку лето а и зиме, колку-толку селото живна“, велат анкетираните жители на село Подлез, општина Градско.

Во наредните деведесет дена треба да заврши асфалтирањето на патот.

Со изградбата на овој пат од локалната самоуправа велат дека се отвора можност за  развој на руралниот туризам, ова место во иднина треба да биде прекрасна дестинација за одмор и рекреација.

 Владината програма за рурален развој годинава тежи  милион и 45 илјади денари,  ќе се финансираат 136 проекто во 73 општини. Во  Градско покрај асфалтирањето на патот ќе се работи и на проект за урбанизација на општината.

Дијана Иванова