Сонародници во Загреб
02.02.2014 15:18
Секој од нив е амбасадор на Македонија. Нашите сонародници во Хрватска се со една душа и две срца. Едното за родината по корени- Македонија, другото за земјата која ги прифатила како свои Хрватска. Духовниот мир го наоѓаат во проповедта на протојереј Кирко. Сега нема храм, ама наскоро ќе никне црква среде Загреб. Битно, велат нашинците, се со Бога во себе и вера во Бога.

„Купивме земја во Загреб за изградба на Македонска православна црква, имаме идејно решение и откако ги плативме комуналиите во април 2013 година, сега сме во исчекување на почеток на изградбата“, вели протојереј Кирко Велински, свештеник на МПЦ во Хрватска.
Што е нацијата без мајчиниот јазик?! Па мисијата се остварува преку изборно изучување. Им недостига литература, ама се наоѓа преку интернет.
„Почнавме со 8-9 ученици, а оваа учебна година имаме 30 ученици. Голем дел од нив, 20 ученици имаат македонски корени. Имаме и ученици кои немаат македонско потекло, но сакаат да го учат македонскиот јазик“, вели Деспина Белчевкса Велинска, учителка во училиштето „Никола Тесла“.
Над 5.000 е бројката на нашите сонародници во Хрватска, 1.600 се во Загреб.
Македонската заедница во Хрватска освен што може да го култивира и негива културниот духовниот, историскиот и образовниот аспект, таа може да ги изразува и своите политички ставови.
Здружени се нашите луѓе и во советите на локално и на регионално ниво.
При неодамнешната посета на оваа земја првиот парламентарец, Трајко Вељановски, се сретна со нив и ги повика да го искористат правото на глас на претстојните избори. Од здруженијата побараа татковината да им помогне на оние што не можат да отпатуваат во неа. Да се најде модус тие да извадат патни исправи за да можат да си го остварат ова право.
Фиљана Кока