Училишни компјутери се продаваат на пазари
02.02.2014 15:27
Уште една кражба на училишни компјутери, овојпат во основното „Зини Хани“ во струшко Велешта. Вчера непознати сторители украле 14 компјутерски монитори од марката „Хајер“ и две куќишта од истата марка.
Тие насилно влегле преку еден од прозорците на училницата, по што ги одзеле компјутерите и мониторите и заминале во непознат правец.

Висината на материјалната штета дополнително ќе се утврди. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Струга којашто презема мерки за пронаоѓање на кратците.