По 50 години поликлиниката Букурешт ќе добие нов лик
02.02.2014 15:36
По 50 години поликлиниката Букурешт ќе добие сосема нов лик. Од утре темелно ќе се реконструира. Оваа поликлиника има најголем број на пациенти, во неа освен што што пред неколку години се заменети прозорците и е интервенирано во санитарните јазли и тоалетите ништо друго ништо не е реконструирано. Сега ќе се вложат 24 милиони денари од буџетот.

„Има високо ниво на образован стручен кадар, голема доверба од пациентите и не случајно најголем број пациенти доаѓаат во оваа поликлиника споредено со другите поликлиники, денвно само доаѓаат околу 1500 пациенти, ова ќе биде значаен чекор“, изјави Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски.
Во градската општата болница 8 Септември завршија градежните активности, сега има нови лифтови. Реконструирани се 4.800 метри квадратни површина направена по најмодерните стандарди.
„Очекувам дека со заокружувањето на овој инфраструктурен зафат уште повеќе ќе се подигне задоволството на пациентите но и задоволството на оние коишто работат тука на медицинскиот персонал и на медицинскиот помошен персонал“, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.
Инвестицијата е вредна 1 милион евра. Останува уште една фаза за интервенција, рекострукција на фасадата и еден помал дел во самата зграда кој ќе биде следен проект на Владата.
Ана Јосифоска