Мерката за вработување социјални случаи ќе биде прифатена утре

02.02.2014 16:27

Мерката за вработувањe на социјални случаи е во законска измена во Собранието ...

Мерката за вработувањe на социјални случаи е во законска измена во Собранието и се очекува утре да биде прифатена. Со неа ќе се даде можност на над 33 илјади коишто се приматели на социјална помош да имаат одредени предности при вработувањеата.
 
Претседателот на владата Никола Груевски истакна дека ова ќе биде дополнителен стимул за работодавачите да ангажираат луѓе кои моментално се приматели на социјална помош со тоа што 80% од висината на социјалната помош ќе ја земаат како надохнада од државата во период од две години.
 
За државата исто така ќе биде олеснување нагласи премиерот затоа што две години ќе плаќа 20% помалку а подоцна нема воопшто да плаќа социјална помош.
 
За работодавачот ќе биде значителна конкурентна предност во делот на трошоците за ангажирање на работникот.