Закуп на земјоделско земјиште

03.02.2014 08:57

Во Гевгелија, Прилеп, Радовиш и неколку други општини се нуди под закуп...

Во Гевгелија, Прилеп, Радовиш и неколку други општини се нуди под закуп земјоделско земјиште за градба на објекти за откуп и за преработки.

Времетраењето на закупот се движи од 15 до 50 години.

На огласот можат да се јават домашни и странски физички и правни лица.

Барателот треба да е регистриран замјоделец или да е трговец поединец. Странските правни лица треба да имаат и подружници во Македонија.

Понудената годишна закупнина е главен критериум, а почетната цена се движи од 11.000  до милион и 166 илјади денари.

За учество во постапката треба да се достави банкарска гаранција,која ќе биде вратена по потпишувањето на договорот.

 

Методија Трајков