Шестнаесет годишната Марија Коларовска се подгорвува за СОЧИ

03.02.2014 10:44

Марија Колароска со свои само 16 години е еден од тројцата наши спортиски кои ќе ја претставуваат Македонија на Зимската Олимпијада во Сочи...

Марија Колароска со свои само 16 години е еден од тројцата наши спортиски кои ќе ја претставуваат Македонија на Зимската Олимпијада во Сочи. Таа ќе се натпреварува во дисциплината нордиско скијање, класичен стил во трката на 10 км. Со овој спорт се занимавала веќе 5 години, а досега има освоено голем број на балкански и европски награди. 
 
„Многу сум возбудена, ова е мое прво учество на Олимпијада, знам дека сум мала, имам само 16 години, но се надевам дека мојот најдобар резултат ќе го претставам на трката, па во наредните 4 години, за идната Олимпијада ќе очекувам и многу подобри резултати“, вели Марија Колароска, учесник на Олимпијдата во Сочи.
 
За Сочи напорно тренира веќе со месеци, вели дека ќе даде се од себе за да постигне подобар резултат за Македонија. 
 
„Тренирам секој ден по 4 часа, напорно се подготвувам и се надевам дека сето тоа ќе вроди со добар резултат во Сочи“, додаде Колароска. 
 
За наредната Олимпијада се надева дека ќе се натпреварува и во биатлон, бидејќи ќе наполни 20 години, со што ќе ја исполни возрасната граница за овој спорт..
 
Општина Крушево одењето на Колароска во Сочи го спонзорираше со 30.000 денари, а за во иднина најавуваат голем број инвестиции за развој на зимските спортови тука, за да на наредните Олимпијади имаме повеќе наши учесници.
 
Овие инвестиции се најавени за наредната 2015 година. 
 
„Ние како град сме горди на нашиот учесник во Сочи, се надеваме дека таму ќе не претстави во најдобро можно светло како Крушево и како Македонија. За да уште повеќе се развијат овие спортови кај нас во тек е формирање на нова патека за нордиско скијање веднаш до зимско рекреативниот центар Станиќ. Потоа ќе оформиме стрелиште за биатлон и ќе се постават нови ски лифтови“, истакна Ѓорѓи Дамчески, градоначалник на Општина Крушево.
 
Колароска за Сочи заминува во вторник, а со неа ќе бидат и другите наши двајца учесници Дарко Дамјаноски и Александар Ристески.
 
Дарко Штаргоски