Признанија за Македонското друштво „Илинден“ од Тирана

06.02.2014 14:09

По повод петгодишнината на Македонско друштво „Илинден“ - Тирана, претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај им додели признанијан на Незир Меча  - потпретседател на Македонско друштво „Илинден“–Тирана, Павли Никола - автор на неколку книги, и статии за македонското национално малцинство во Албанија,  и на  Ули Халилај - претседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, огранок Голо Брдо за афирмација на друштвото.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана од своето формирање на 6 февруари 2009, работи за заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и за традициите на македонското национално малцинство во Албанија, како и за зајакнување на односите меѓу Македонија и Албанија.