Задолжителен електронски дневник за избраните лекари
Лекарите по општа медицина, педијатрија,трудова и училишна медицина од февруари мора да водат електронски дневник. Тоа значи дека според Законот за евиденција од областа на здравството,задолжително мора електронски да ги запишуваат сите преземени чекори во врска со пациентот- препишана терапија, совети, боледувања, интервенции, инјекции и др. Досега тоа го правеа во дневник во писмена форма.Освен на компјутер,на крајот на денот ќе мора да испечатат и текст со нотираните услуги. На Фондот за здравствено осигурување евиденцијата ќе му ја поднесуваат само по електронски пат.

Електронскиот амбулантски дневник треба да се води на ниво на здравствена установа. Засекој лекар во склопот на здравственатаустанова се води посебна евиденција ворамките на еден заеднички амбулантскидневник.Со воведувањето на проектот електронски
амбулантски дневник ,Фондот има цел даовозможи поголема ефикасност во работењетона избраните лекари воздравствените установи од примарната здравствена заштита, избегнување на можноста затехнички грешки, намалување навреметраењето на административнотоработење на лекарот, како и унификација воводењето на амбулантскиот дневник помеѓу
сите лекари. Лекарите велат дека ова е олеснување за нив затоа што евиденцијата им служи подолгорочно. Обврските си ги делат со медицинските сестри за да може лекарот да се посвети и на спроведувањето на целите од Фондот за превентивни прегледи коишто се услов за добивање на целата капитација. Санитарните инспектори при контролите на докторите се уште им бараат писмена документација затоа што немале писмена наредба да постапуваат поинаку.Тоа деновиве треба да се усогласи меѓу Фондот и Министерството за здравство. Електронската евиденција е олеснување,но матичните лекари се жалат дека се бомбардирани со дополнителни обврски за доедукација што од Фондотшто од Министерството. Речиси секој викенд посетуваат некаква обука или дежураат во амбулантите, па немаат време за одмор, што не е добро поради одговорноста што ја имаат кон пациентите.
Соња Стојановска