Косовските власти го заплеткаа „Монструм“

06.02.2014 15:04

Се поизвесно е дека косовските власти нема да ги екстрадираат обвинетите за петкратното убиство...

Се поизвесно е дека косовските власти нема да ги екстрадираат обвинетите за петкратното убиство на Смилковско езеро, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, тврди адвокатот Рауфи.

За да ја спроведат нивната испорака, косовските правосудни власти барале покрај обвинителниот акт и докази за стореното кривично дело.

Во кривичниот суд продолжи судењето за „Монструм“. Вештите лица даваа дополненија, додека одбраната има забелешки  за вештачењето за ,,црвениот Опел Омега“- зошто се знаел само производителот,  ама не и кој е сопственикот?!

Никогаш овој автомобил не бил регистриран во земјава, а регистарските таблички што стоеле на него му припаѓале на „Мерцедес“ сопственост на жител од Арачиново.

„За нас се битни наслоните на патничкото возило бидејќи наводно ДНК од еден обвинетите е најдено токму на наслон од задното седиште. Евентуално, постои можност да се работи за навлака од друго патничко возило. Можеби е монтирано“, вели адвокатот Насер Рауфи.

Забелешки имаат и за составот на земјата која е најдена на гумите од автомобилот кај „Вражји вир“. Експертизата била споредбена, а не лабораториска. Адвокатите ќе чекаат да им биде овозможено да го видат опелот кој служи како клучен доказ за убиството кај Смилковци.

 

Фиљана Кока