Русија: Мешањето на Западот во внатрешните работи на Македонија добива екстремна форма

03.03.2017 17:02

Според официјална Москва, важно е да се сфати дека мерките формулирани во Тирана подразбираат федерализација на Македонија, прераспределба на власта и на државните симболи и фактички водат до подривање на уставниот поредок ...

Повторно се огласи руското Министерство за надворешни работи. Според Москва, мешањето на Западот во внатрешните работи на Македонија добива екстремна форма. Велат - Македонците треба сами и без мешање однадвор да решаваат за својата судбина.

На изборите на 11 декември владејачката партија доби мнозинство од гласовите, а опозицијата и покрај сите манипулации и нескриената поддршка од ЕУ и САД, доживеа пораз. Еврокомесарот Јоханес Хан, високиот претставник за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и други претставници на т.н. „просветлена Европа“, продолжуваат бесрасмно да вршат невиден притисок врз претседателот Ѓорге Иванов, настојувајќи да и даде премиерски мандат на опозицијата, која ја прифати ултимативаната „Албанска платформа“, стои во соопштението на руското МНР.

Според официјална Москва, важно е да се сфати дека мерките формулирани во Тирана подразбираат федерализација на Македонија, прераспределба на власта и на државните симболи и фактички водат до подривање на уставниот поредок со крајна цел дезинтеграција на државата.