Намалување на емисиите на стакленички гасови
Во тек е подготовката на закон со кој и Македонија ќе ја имплементира европската шема за намалување на емисиите на стакленички гасови. До донесувањето на овој закон ќе трае подготовката на сите чинители: државните институции, општините, индустријата... Ова ќе придонесе и во услогласувањето на законодавството со европското, на патот кон полноправно членство во унијата.
Климатските промени се најголемиот предизвик со кој се соочува светот. Европската унија разви шема за тргување со емисии на стакленички гасови, која ќе треба да ја имплементира и Македонија.

Со неа се очекува значително намалување на овие емисии, чие ниво во земјава по глава на жител не е ниско.
„Од аспект на емисии на стакленички гасови, секторот енергетика има најголем удел, енергетските тансформации, а понатаму како сектори влегуваат секторот земјоделие и секторот отпад“, изјави Теодора Грнчаровска – Советник за климатски промени во Министерство за екологија.
Подготовката на сите чинители како државните институции, општините, индустријата... ќе придонесе за ефективно имплементирање на овој закон, веднаш по неговото донесување.
„За да не доаѓаме во ситуација роковите кои ќе бидат утврдени во тој закон да се пролонгираат или индустријата и чинителите да не бидат подготвени“, вели Абдулаќим Адеми – Министер за животна средина и просторно планирање.
Законот ќе биде во согласност со европската директива за еколошко законодавство, чија имплементација ќе и помогне на Македонија на патот кон полноправно членство во Европската унија.
Искуство ќе црпиме од Норвешка, која емисиите на стакленички гасови ги намали за 80%. Кралството го финансира и проектот со кој на земјава ќе и се олесни воспоставувањето на европската шема.
„Европската шемата за тргување со стакленички гасови е главната алатка за намалување на емисиите од компаниите и фабриките. Оваа активност е важен елемент и во процесот на евроинтеграции на Македонија. Среќни сме што го поддржуваме овој важен проект и се надеваме дека ќе успее“, рече Рагнар Камсваг – Амбасадор на Норвешка.
Со ограничувањето на вкупното количество стакленички гасови кои, на пример, еден индустриски капацитет може да ги испушти, се воведуваат квоти на емисии кои субјектите по потреба можат да ги купуваат или продаваат.
Европската шема за тргување со емисии на стакленички гасови покрива околу 11 илјади електрани и индустриски постројки во 30 земји.