Читалните втор дом за студентите
Кога ќе влезете внатре прво го чувствувате мирисот на книгата, а потоа ве обзема таа спокојна тишина. Читалните и библиотеките се простории кои се најпосетувани од студентите.
Во читалната 1.000 книги во просек доаѓаат 200 посетители, но најголем дел од нив се студенти, кои доаѓаат да ги подготвуваат своите испити.
Тука се подготвуваат и семинарските и магистерските трудови. Учењето во нив е најефикасно. Велат во читалните подобро се концентрираат, а времето поминува попријатно и побрзо во друштво на повеќе луѓе.

Интерес за читање има и од граѓаните што сакаат да прочитаат некоја добра книга, а никој да не им пречи. Книгите се користат бесплатно и неограничено, а се чита скоро се.
Дрвени клупи и столови на кои поминале илјадници студенти, ходници низ кои се родиле првите љубови, незаборавни дружби и нервози за секој паднат предмет5, радост за секоја 10-ка. Скопските читални и библиотеки се втор дом на студентите кои се школуваат низ факултетите во метрополата.
Александра Перевска
Снимател: Висар Мемети