Битолската дописничка на весникот „Дневник“ Жанета Здравковска добитник на наградата Менде Петковски

08.02.2014 16:05

За сторијата „На гробот му пишува служел во три војски“ објавена во јули минатата година, на битолската дописничка на весникот „Дневник“ и беше доделена наградата за најдобар дописник за минатата година што го носи името „Менде Петковски“. Повод за исклучителниот прилог била надгробната плоча на македонскиот војник страдалник Петко Лисковски од пелагониското село Добрушево, преку кој се отсликува и македонската трагична историја.

- Приказната опишува како тој осум години волувал во три спротиставени војски. Најпрво во турската па во српската а на крајот и во бугарската. На неговата надгробна плоча можат да се видат и фотографиите во различни униформи вели наградената новинарка Жанета Здравковска.

Во конкуренција биле повеке прилози. Од дневниот весник Дневник велат дека најважното е што се сака да се докаже дека дописниците не трба да бидат маргинализирани. Теза што преку работата ја докажуваше орерано починатиот Менде Петковски.

- Единствената цел ни е да ги потикниме дописниците да ја доловат вистинската слика за деловите од македонија кои по обицај се маргинализирани за сметка на Скопје вели заменик главен и одговорен уредник на Дневник Антонио Спасов.

- Не е нескромно да кажам дека мојот сопруг во текот на еден ден имаше и по десетина написи за домашните но и медиимите во прекуокеанските земји рече сопругата Светлана Петковска.

Тогашното Радио Битола беше матичната куќа на Менде Петковски. Но неговиот квалитет и трудољубивост му даваја шанса да соработува со уште многу други медиуми од земјава и странство.

Стевче Митрески

Снимател: Васко Проески

Монтажа: Љиљана Кузмановска