Спасов во посета на градинка во Градско
08.02.2014 16:24
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, заедно со градоначалникот на општина Градско, Жанета Чаушевска, претставници на локалната самоуправа од Велес и директорот на градинката ОЈУДГ Димче Мирчев Велес го посети објектот наменет за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст во општината.

Спасов во изјава за медиумите потенцираше дека продолжува континуираниот процес започнат од порано, со кој треба да се вклучат што повеќе деца во опфатот на предшколско згрижување и воспитување, и дека конечно оваа потреба на граѓаните од општина Градско ќе биде задоволена.
Тој информираше дека клонот ќе функционира во рамки на ОЈУДГ Димче Мирчев од Велес, и ги има сите услови за згрижување на децата,
Градинката има можност за опфат на 32 деца, во три групи на возраст од 3 до 6 години. Уписите на деца се во тек.