Груевски: Ние не водиме темна кампања

08.02.2014 16:39

Власта не води валкана кампања против опозицијата,туку само ги констатира изнесените ставови на врвот на СДСМ,одговори премиерот Груевски на обвинувањата на Социјалдемократите,дека ВМРО-ДПМНЕ игра политички нечесно.Тоа е само потсетување за граѓаните со кого имаат работа,смета Премиерот.

Ние не водиме темна кампања против опозицијата,туку само потсетуваме на она што челниците на СДСМ јавно го изјавиле изминатиот период,одговори Премиерот Груевски на тврдењата на Социјалдемократите дека владејачката гарнитура игра нечесно на македонска политичка сцена.Ако своите изјави ги сметаат за црни,тогаш потсетувањето е таква кампања,вели Груевски,потсетувајќи на изјавата на Заев дека кога ќе дојдат на власт ќе ги бркаат вработените во државната администрација и ќе вработуваат партиски војници,и на изјавата на Шеќеринска дека ќе вработат по еден член од семејство,што рече Груевски,никогаш не се реализира.Во СДСМ,вели треба да се загрижат зошто даваат такви изјави.

Тоа е само потсетување што СДСМ го говореше, и не може да се земе за црна кампања ако ние даваме само цитати.Ние не им импутираме реченици,мисли или изјави,туку само вадиме цитати за да ги потсетиме луѓето со кого си имаат работа,,изјави премиерот Груевски. 

Коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и натаму на своите позиции во однос на претстојните председателски избори.Интегративците инсистираат на консензуален кандидат,а владејачката партија дека претендентот години наназад се бира на конвенција која според најавеното ќе се одржи на први март.

Новинар: Милчо Велески

Снимател:Ѓорѓи Трпески