Не престанува изветвената грчка реторика
Откако неодамна дел од грчките медиуми предлог банкнотата ја нарекоа “ шлаканица од Македонија за грчката дипломатија" , со реакција се јави лидерот на партијата “Граѓанска моќ” од Солун, Макис Стергиу...
Александар Македонски на новата предлог-банкнота останува „ноќен кошмар“ за јужниот сосед. Откако неодамна дел од грчките медиуми предлог банкнотата ја нарекоа “ шлаканица од Македонија за грчката дипломатија" , со реакција се јави лидерот на партијата Граѓанска моќ од Солун, Макис Стергиу.
„Продолжува бескомпромисноста на ставот на премиерот Никола Гуевски од Скопје”. „Сметаме дека оваа акција предизвикува уште една провокација на националното чувство и треба да и биде одговорено“, се вели во сопштението на овој грчки политичар.
Предлог банкнотата со Александар е последна во низата на случувања што предизвикуваат незадоволство кај Грците. По серијата интервјуа што ги даде премиерот Груевски за влијателни светски медиуми, грчкиот печат ги критикуваше грчкото МНР и министерот Венизелос дека немаат соодветен одговор на меѓународната кампања за името што ја води македонската Влада. Оттогаш се чини дека Венизелос ретко пропушта пригода да зборува за Македонија на меѓународна сцена, но наместо фактите, во неговите обраќања доминираат старите познати фрази од изветвената грчка реторика.
Марија Котовска - постојан дописник на МРТ од Атина
