Некому не му е познато на што се грее Клинички

10.02.2014 15:29

За греење на Клиничкиот центар се троши гас, а не мазут, изјави министерот за здравство Никола Тодоров одговарајќи на новинарско прашање,

повикувајќи ги новинарите лично да се уверат дали чадат оџаците како порано. Ова е објаснување по вчерашните изјави на СДСМ дека се уште има склучено договор за набавка на мазут. Дали треба да го оставиме Клиничкиот центар без алтернативно греење ако се случи некаква хаварија или неиспорака на гас, праша Тодоров, појаснувајќи дека се работи за минимални резерви кои сукцесивно се набавуваат. Откако се гасифицираше Клиничкиот центар, последната цистерна е набавена во декември, а порано дневно се трошеа по една до две цистерни. Со греење на гас  јануарската заштеда е 70 илјади евра.Ова е измамничка тактика на СДСМ со која се служеше и во други случаи за кои се покажа дека се манипулација, изјави Тодоров.

,, Склучен е договор за сукцесивна набавка, односно договор кој што овозможува да се плати онолку колку што ќе се повлече. Досега од овој договор нема повлечено никаква количина.Последнато повлечено количество  мазут е во средината на декември, што е од претходниот договор и мора да го има како резервно количество во секое време.“

Соња Стојановска