Инциденти пред и по натпреварот Вардар-Динамо Минск
Тензијата на вчерашниот меч меѓу Вардар и Динамо од Минск се пренесе и надвор, но и во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Поднесени се кривични пријави против седум лица за нарушување на јавниот ред и мир по натпреварот. Дополнително за едно лице е издаден платен налог за глоба поради поседување железен боксирач. Кривичните пријави се поднесени поради насилство во автобус на ЈСП број 2 на булеварот „Александар Македонски“.

Тензијата на вчерашниот меч меѓу Вардар и Динамо од Минск се пренесе и надвор, но и во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Поднесени се кривични пријави против седум лица за нарушување на јавниот ред и мир по натпреварот. Дополнително за едно лице е издаден платен налог за глоба поради поседување железен боксирач. Кривичните пријави се поднесени поради насилство во автобус на ЈСП број 2 на булеварот „Александар Македонски“. МВР изрече глоби и за други седум лица поради недостојно однесување на спортскиот натпревар на кој Вардар се избори за влез во втората рунда на Европската лига на ракометните шампиони, што е врвен резултат за македонскиот ракомет, два македонски клубови се меѓу 16-те најдобри на стариот континент.
