Македонија претставена на саемот за туризам во Брисел
Втора година по ред, Македонија како туристичка дестинација е преставена на саемот за туризам во Брисел. За само една година бројот на посетителите од оваа држава е зголемен за 40%. Тие најмногу се заинтересирани за историските локалитети, културните и традиционлните настани.

Заинтересираноста на посетителите од Белгија за Македонија е огромна- оценуваат во нашата Агенција за промоција и развој на туризам. Изминатите денови е мошне раздвижено на македонскиот штанд на саемот за туризам во Брисел.
„Тоа што ме интересира е да тука да добијам неколку информации за подготовка, како на пример мапа на градот, како би немал тешкотии кога ќе пристигнам. Вашата земја е убава“, вели еден посетител на саемот во Брисел.
Тур операторот „ЏЕТ ЕР“ продолжува да ја нуди Македонија, а оваа година дополнително и „Корентон“ има посебни аранжмани за белгиските туристи.
„Посетителите на овој саем се заинтересирани повеќе за културата, за традицијата, за историјата, за традиционалните настани како што се галичка свадба, вевчански карневал, струмички карневал, Водици како манифестација. Значи повеке се заинтересирани за културан туризам, посета на манастири, одколку за масовен туризам како што се море плажа и сонце“, вели Никола Ѓошев.
На годинешниов саем Македонија е прествена со 6 типа на брошури само на англиски јазик и тоа - за традиција и настани, археологија, историја, култура, за природа и активности во природа, за рурален и еко туризам, за лов и риболав и храна и вино.
Ова е втора година по ред Македонија да бие преставен на саемот за туризам во Брисел, и според официјалните статистички податоци , бројот на туристите само од Белгија е зголемен за 40 проценти.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник за МРТ од Брисел
