Грипот ја наполни Инфективна

10.02.2014 17:12

За една недела 30 проценти повеќе пациeнти се во тешка состојба. Меѓу нив има деца, возрасни, со и без хронични заболувања...

Тоа е вирусна инфекција, не сте многу зафатен, и почеток е... Но, немаа сите среќа. Со грип и компликации завршија на инфективната клиника. За една недела 30 проценти повеќе пациeнти се во тешка состојба. Меѓу нив има деца, возрасни, со и без хронични заболувања. Директорот на Инфективата клиника вели дека станува збор за болест која може да го загрози животот. 
 
„На Одделот за интензивна нега се исполнети и последните капацитети. Во моментов има 5 пациенти во критична состојба, а се манифестираат со клиничка слика на грип. Тројца се во многу лоша состојба и исходот од лекувањето е непредвидлив“, изјави проф. д-р Звонимир Миленковиќ, директор на Клиниката за инфективни болести.
 
Децата се разболуваат, но и брзо оздравуваат, велат лекарите, болеста е фатална за постарата полулација. Сезоната на грип ги полни аптеките. Според фармацевтите, мал е бројот на оние кои носат рецепт со пропишана терапија, првите обиди за лекување ги прават на своја рака. 
 
Витамини, аналгетици против болка, антибиотици, тоа е она што најмногу се бара во аптеките. Во минатата недела 2.400 нови заболени од грип.

Годинава 40 проценти повеќе болни од лани. Од почетокот на сезоната, бројот на заболените од грип е 7.778 пациенти. Најмногу грипосани имало во јануари, 6.801 пациент. 65 проценти од заболените се на возраст од 15 до 65 години. Од Институтот за јавно здравје очекуваат благо опаѓање на бројките во наредните недели.
 
Наташа Јанчиќ