Манчевски прави бизнис со паркинзите во Куманово

10.02.2014 17:46

Бизнисот со паркинзите во Куманово од белградската фирма го превзела фирмата во којашто Манчевски е еден од сопствениците...

На 28 јануари 2011– та фирмата Метропаркинг од Белград склучила договор со ЈП  Куманово-паркинг, за  да стопанисува  со  паркинзите во градот. Еден  од сопствениците во фирмата е извесен Дејан Симиќ. Тој се појавува и како  еден од акционерите во фирмата Метропаркингплус со седиште во Скопје, основана во 2010 година. На списокот на акционерите во оваа фирма, како што изјави Димовски е и потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски. Неговото име, како акционер фигурира и кога фирмата го добила тендерот, а се брише  како  што изјави Димовски, откако Дамјановски е избран за партиски потпретседател.

Она што ние го знаеме, изјави Димовски, е дека бизнисот со паркинзите во Куманово од белградската фирма го превзела фирмата во којашто Манчевски е еден од сопствениците.

„Видливо е се. Белградската фирма добива тендер, за да се скрие трагата, и го преотстапува на скопска чиј сопственик и основач е потпретседателот на СДСМ и близок соработник на највисоките функционери на таа партија. Дополнително овие две фирми се и капитално поврзани. Сегашниот потпретседател на СДСМ си добил работа во општина која е раководена од градоначалник на СДСМ“, вели Илија Димовски, директор на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е проѕирен обид за дискредитација. Одлуката за избор за најдобар понудувач на тендерот беше обжалена кај Државната комисија за жалби по  јавни набавки при Владата на ДПМНЕ, која го потврди изборот за најповолен  понудувач. Доколку имало било што спорно, државната комисија по жалби за јавни набавки сигурно баш мене немала да ми прогледа низ прсти“, вели потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

Соред Димовски откриениот скандалот е само доказ дека нема случајност во  добивањето на високите партиски функции во СДСМ. 

 

Виолета Димовска