Ниска сообраќајна култура во Скопје

11.02.2014 14:43

Викендов сообраќајната полиција регистрирала 71 возач во алкохолизирана состојба од вкупно 241...

Речиси една третина од контролираните возачи на територијата на Скопје возеле под  дејство на алкохол. Викендов сообраќајната полиција регистрирала 71 возач во алкохолизирана состојба од вкупно 241, коишто бил алкотестирани, соопштува МВР.

Дури 27 возачи минале на црвено, 120 возеле со брзина над дозволената, а 40 од возачите кренале брзина над 90 километри на час во населено место. Не се почитува и правилото за  врзување на безбедносниот појас,  а притоа се зборува и на мобилен,  иако глобата зса овој прекршок изнесува 250 евра. СВР Скопје утврдило и дека пешаците не минуваат на определените места, а 181 возило викендов неправилно паркирало. 

СВР-Скопје известува дека во текот на изминатиот викенд спровело сообраќајна контрола на подрачјето на Скопје при што на сообраќајната полиција биле санкционирани  610 учесници за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.