“Почувствувај го здравиот рурален живот”
Федерацијата на фармерите на РМ во Струга одржаа работилница за компаративна анализа и мапирање на традиционални производи.

Целта на работилницата е да се селектираат вкупно 4 производи, односно 2 од македонска и 2 од албанска страна кои ќе бидат предмет на брендирање во следната фаза од имплементацијата на проектот.
Ќе се презентира истражувањето кое треба да помогне во селекцијата на производите во студиите за мапирање на традиционални производи во Полог, Пелагонија, Дибра, Елбасан Албанија.
- „Се зборува за неколку производи и тоа од овие региони а тоа се: јаболкото, гравот, кромидот, пиперката, лукот, грозјето, смоквата, сливата итн. Понатаму сакаме како резултат овие производи да бидат посакувани од нашата целна група а тоа се потрошувачите и тие производи да имаат своја додадена вредност за која истата треба да има профитабилно земјоделско стопанство,“ вели претседателот на ФФРМ, Андрија Секуловски.
- „Целта на овој проект е да се поттикне соработката меѓу земјоделците кои доаѓаат од двете земји, од Македонија и Албанија. Заклучокот генерален е дека земјоделците од Албанија можат да научат многу од земјоделците во Македонија бидејќи тие се чекор понапред,“ истакна претседателот на Албанскиот земјоделски совет Енвер Феризај.
Имено работилницата е дел од проектот „Почувствувај го здравиот рурален живот“ финансиран од ИПА-програмата на ЕУ за прекугранична соработка со Република Албанија и е имплементиран од страна на Федерацијата на фармерите на РМ и Албанскиот Земјоделски Совет. Придобивките од проектот се од особена корист за локалното население во пограничните региони, особено младите и жените фармери, но исто така и за сите граѓани, институции и организации кои работат за развој на земјоделството и руралниот развој.
Новинар: Јованчо Наумоски
Снимател и монтажа: Сашо Кленкоски
