Со пунктовите „Фискална...“ поблиска до играчите

11.02.2014 14:57

Велешанката Грозда Нанова во истурениот пункт на Лотарија на Македонија ги пушти шесте плика за наградната игра „Фискална во рака награда без мака“. Наградната ја игра од првото коло, испратила многу плика, но очекува ова коло среќата да и се насмевне.

„Триесет сигурно многу имам пратено и сега еве шест.  Редно беше вака  да можеме фискалните правилно да ги праќаме и се надеваме на некоја среќа “, вели Нанова.

Примерот на Грозда  го следеа многумина велешани. Секој со своја желба ги пишташе пликоата.

„Мојте очекувања се дека ќе добијам нешто се надевам...колку пликоа... две доволно е и со две а среќата оде со едно..

„Многу практично е ова што го направиле ваму да се ставаат во кутијата отколку да одиш во пошта“, велат анкетираните велешани.

Лотарија на Македонија од денеска, па во наредните денови во различен град ќе поставува вакви истурени пунктови каде граѓаните бесплатно ќе може да ги остават ковертите во кои има дваесете фискални сметки.

„Одлуката на државна лотарија за поставување на пунктови и во другите градово покрај Скопје, велешани  велат дека  е добра, но наместо еден ден тие бараат овој пункт во Велес да биде отворен постојано.

За 24 февруари  е закажано извлекувањето на наградите од ова трето коло. Главна награда е автомобил Сеат Ибица,  а ќе бидат доделени и 150 вредносни ваучери од 1.000 до 60.000 денари.

Новинар Дијана Иванова

Снимател Никола Василковски