Медиумската сфера ќе се подобрува

11.02.2014 15:38

Владата е подготвена и со отворена волја да продолжи  да придонесува кон подобрување на стандардите во медиумската сфера.

Владата е подготвена и со отворена волја да продолжи  да придонесува кон подобрување на стандардите во медиумската сфера.

Ова е ставот кој што премиерот Груевски го истакнал на денешната средба со Дуња Мијатовиќ, претставничка на ОБСЕ за медиумите во Скопје. Посочил дека носењето на решенијата за законите за медиумите и за аудиовизуелните услуги е значителен чекор напред кон поттикнување на развојот, независната продукција, културата на јавниот дијалог,творештвото кои се во насока на заштита на слободата, образовниот и научниот развој. Компаративно гледано,  Мијатовиќ законските решенија ги нагласила како едни од подобрите во регионот. Преостанува процесот на нивното спроведување, кој, според неа, зависи од сите чинители во процесот. Владата даде силна поддршка, потврдил премиерот на средбата.


Наташа Гркова-Петрушевска