„Милка“ од 2 милиони евра на суд

11.02.2014 15:38

Почна судењето за случајот „Милка“. Се читаше обвинението против 32-ца што се товарат за криумчарење добиток од Македонија во Албанија...

Почна судењето за случајот „Милка“. Се читаше обвинението против 32-ца што се товарат за криумчарење добиток од Македонија во Албанија. Злосторнички се здружиле давале поткуп, некои ја злоупотребиле службената положба, други фалсификувале знаци за одбележување на стоката. Во судницата беа присутни седумнаесеттмина, другите се во бегство.

Од 2011-та година криумчареле добиток од земјава во соседна Албанија.  Купувале телиња и јунци од сточните пазари во Боговиње- Гостивар, Кривогаштани Прилеп и Кичево. Откако ветеринарот ќе им изработел фалсификувана документација непречено ги транспортирале до село Спас кај Дебар. Таму им ги отстранувале   идентификациските ушни значки за да не може да им се утврди потеклото. биле сместувани во шталите на членовите на групата. Полициските службеници-старешини и вработени во полициските станици за гранична контрола „Блато” и „Џепчиште” примале  поткуп, за да  ја договорат маршрутата и временскиот период кога да се пренесе илегално добитокот во Албанија каде  ги препродавале. За еден килограм добивале 3,5 евра. Така заработиле два милиони  евра. Адвокатите негираат дека се работи за злосторничко здружување.

Криумчарениот добиток во Албанија е преземан од група на обвинети од Албанија. Според обвинението, стоката е транспортирана и продаван на пазарите во Тирана, Елбасан и Драч.

Фиљана Кока