Делови од Скопје утре без електрична енергија

11.02.2014 15:59

Без електрична енергија...

 Утре од  06:00 до 7:00 часот ќе останат дел од улицата „Скупи“ и дел од Злокуќани. Во овој временски период без струја ќе бидат и дел од населбите Маџари, Инџиково и Ченто.
Без струја од 9:00 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од село Добри дол а од 11:00 до 14:00 часот и дел од улицата „Лондонска“ бр. 19-1/1.
Како што соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, прекините се заради реализација на инвестициските зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во наведените реони.