Студентите и годинава на работа во странство
Годишно околу 2.000 македонски студенти заминуваат во Америка преку програмата „Работи и Патувај“. И годинава интересот е огромен. Оние кои биле велат дека надвор подобро се заработува, а имаат и можност да ги видат некои од најголемите светски туристички метрополи.

Водени од мислата дека ќе заработат и ќе го прошетаат светот, македонските студенти масовно аплицираат за програмата „Работи и патувај“.
Моника Ѓорѓиевска минатото лето го поминала во Америка. Работела како собарка во хотел, а заштедата ја трошела и на патувања. Планира годинава да замине повторно.
Примерот на Моника ќе го следи и Деспина. Таа аплицирала за програмата и првпат ќе замине на работа надвор од земјава.
Најчесто студентите работат како продавачи, келнери, собарки и на одржување во хотелите. Од агенциите кои посредуваат велат дека и годинава е огромен интересот за оваа студентска програма.
Преку програмата „Работи и патувај“ повеќе од 220 илјади студенти од целиот свет секоја година сезонски работат во САД.
Викторија Тодоровска
