До крајот на месецов ќе се знае кандидатот за претседател на СДСМ
11.02.2014 18:57
Вечерва Централниот одбор на социјалдемократите го избира шефот на изборниот штаб...

Вечерва Централниот одбор на социјалдемократите го избира шефот на изборниот штаб.
Според информациите изборните активности ќе ги раководи Оливер Спасовски, генералниот секретар на партијата.
Датумот на конвенцијата вечерва нема да е на дневен ред, но според информациите на МТВ, таа ќе се одржи на 22-ри месецов.
Дотогаш ќе биде донесена и одлуката кој од тројцата кандидати за коишто сеуште трае внатрепартиската дебата ќе биде промовиран како претседателски кандидат.
Виолета Димовска
