Донесена програмата за субвенционирање на рибарството
12.02.2014 08:46
Финансиската подршка годинава изнесува скоро 1,5 милиони евра...

Со 1,5 милиони евра годинава ќе се финансира изградба и реконструкција на риболовните пунктови со опремување на мрестилишта и порибувањето.
Субвенции ќе има и за мандрите на Дојранското езеро и капацитетите за преработка на риби.
За порибувањето се наменети скоро 1 милион евра,а другиот дел е за техничка помош, промотивни кампањи и развој на нови пазари.
Исплатата на средства ќе се врши со реализирањето на активностите.
Договорот го склучува министерството по поднесено баране со бизнис програмите.
Јавниот повик треба да се објави за 45 дена, а исплата на средствата треба да биде најдоцна до 30 јуни 2015-та година.
Методија Трајков
