Градоначалниците ќе се запознаат со новата кредитна линија на ЕБОР за енергетска ефикасност
12.02.2014 09:10
Градоначалниците ќе се запознаат со кредитните линии за финансирање проекти за енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија...

Пред претставниците на локалната самоуправа денеска ќе биде промовирана новата кредитна линија на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), WeBSEFF 2, од Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан.
Градоначалниците ќе се запознаат со кредитните линии за финансирање проекти за енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија за кои можат да аплицираат општините и другите заинтересирани лица од јавниот сектор.
