Бесими ќе реферира за програмата за усвојување на правото на ЕУ

12.02.2014 10:11

Вицепремиерот Фатмир Бесими денеска на заедничката седница на Националниот совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за европски прашања ќе ги презентира целта, содржината и фокусот на активностите...

Вицепремиерот Фатмир Бесими денеска на заедничката седница на Националниот совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за европски прашања ќе ги презентира целта, содржината и фокусот на активностите на годинашната ревизија од Националната програма за усвојување на правото на Европската унија.
 
Во Собранието денеска ќе заседаваат и  комисиите за култура, за труд и социјална политика, за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за култура е предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство, во второ читање.

Комисијата за труд и социјална политика ќе расправа за предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за семејството, во второ читање, годишниот финансиски план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2014 година, предлог-одлуките за давање согласност на одлуката за висината на месечниот надомест за 2014 година што Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување го наплатува од пензиските друштва и за давање согласност на одлуката за измена на одлуката за утврдување на висината на надоместоците што Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување ги наплатува од пензиските друштва.

Предлог - законот за дополнување на Законот за земјоделското земјиште, во второ читање, е на дневен ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и востопанство.