Промовиран прирачник за транспарентно лобирање на граѓанските организации

12.02.2014 10:45

Битолскиот експерт од оваа област вели дека фокусот бил ставен на градењто дијалог. Забелешките говорат дека има повеќе слабоости...

Со промоцијата на прирачникот за трнспарентно лобирање на граѓанските организации од авторот д-р Маријан Танушевски, финишираше 14 месечниот проект „Лобирање и учество на граѓанските организации во процесот  на носење на јавни политики во пелагонискиот регион“, финансиран од делегација на ЕУ.

Битолскиот експерт од оваа област вели дека фокусот бил ставен на градењто дијалог. Забелешките говорат дека има повеќе слабоости. Некои дури и недозволиви од денешен аспект.
 
„Анализите покажаа дека треба да се комуницира преку дирекна средба, телефон или на друг начин- најдоброто решение е преку интернет. Но, се покажа дека ниту еден советник од пелагонискиот регион нема службена електронска пошта“, вели д-р Маријан Танушевски.
 
За надминување на основните проблеми во изминатите 14 месеци во соработка со регионалната развојна агенција „Преда“, беа организирани низа едукативни средби.
 
„На работилниците учествуваа 35 организации од општините на Пелагонискиот регион. Беа запознаети со основните насоки во лобирањето, со начелата на законот за лобирање како и обврските од законот за локална самоуправа“, рече м-р Милена Димитровска, директор на „Пелагоноја Преда“.
 
Ова беше тежок проект во кој внимателно ги влечевме сите потези. Понудувајќи силна теоретска основа и многу практична работа, смета Танушевски, но убеден е дека понатаму ке се оди полесно затоа што прирачникот претставува една силна алатка како да се овозможи транспаренто лобирање на грѓанските организации, а со тоа и нивно дирекно учество во јавните политики.
 
 
 
Стевче Митревски